Објавено на:

Макрон на Сорбона: Постои ризик оваа наша Европа да умре

t

Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска, за време на говор на Универзитетот Сорбона во Париз изјави дека „постои ризик оваа наша Европа да умре“, пренесоа британските медиуми.

Францускиот претседател потенцира дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и дека ризикува во следната деценија да заостане зад светските ривали.

Европа, оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

Тој истакна дека мора да дојде до промена на моделот на економски раст на ЕУ бидејќи сегашниот е неодржлив и дека ЕУ заостанува во глобален контекст во кој се доведуваат во прашање принципите на слободната трговија.

Макрон додаде дека Брегзит е „експлозијата чии негативни ефекти значат дека денеска никој не треба да се осмели да предложи напуштање на Европа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…