Кривична пријава против директорка на детска градинка од Велес

t

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Храна што бебињата не треба да ја…

Експертите сметаат дека треба да заборавиме на…

Во Иран обесени седум луѓе осудени на…

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти…

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во…

Сина ајкула долга повеќе од три метри…

Зеленски: Русија нема сила повторно да го…

Тие немаат сила за голема офанзива против…

МЗТ Скопје до прва победа против Пелистер…

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа…