Тинејџер од Скопје сакаше да го укради „мерцедесот“ на сестра му, излета од пат и ја повреди
Вчеравечер во 23.55 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Н.Т.(18) од Скопје.
Како што соопшти СВР Тетово, околу 23.40 часот ги зел клучевите од патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на неговата 26-годишна сестра, исто така од Скопје, и го стартувал. Таа се обидела да го спречи да го управува возилото, но не успеала, по што на улица „Илинденска“ Н.Т. изгубил контрола и возилото излетало од коловозот.
Неговата сестра се здобила со телесни повреди, констатирани во клиничка болница Тетово.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив…
Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред…
Од Техеран пристигнуваат извештаи за повик за…
На собир во Техеран, според првични информации,…
ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
ДРАМА ОД РАНО УТРО ВО ДВЕ ЗЕМЈИ…
Полската војска проверува сомнежи дека неидентификуван објект…
(Видео) РОДНИОТ ГРАД НА ПУТИН ВО ПЛАМЕН!…
Голем број експлозии и пожари биле пријавени…