Мицотакис: Грција нема да испрати Патриот или С-300 во Украина
Грција нема да ѝ испорача на Украина системи за противвоздушна одбрана Патриот или ракети С-300, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Во четвртокот Мицотакис за грчката ТВ Скај изјави дека Грција нема да испрати ниту Патриот ниту С-300 во Украина, и покрај европските барања и критичниот недостаток што Украина го има во областа на воздушната одбрана.
„Грција ја поддржа Украина на различни начини, обезбедувајќи одбранбен материјал. Но, ние од самиот почеток рековме дека не можеме да се откажеме од оружените системи кои се клучни за нашите способности за одвраќање. Нè прашаа, а ние објаснивме зошто не можеме да го направиме тоа“, рече Мицотакис, пренесува порталот Ифимерида.
Според Мицотакис, испраќањето на таа опрема во Украина би претставувало преголем ризик за грчката воздушна безбедност.
„Имаме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина, тоа го направивме и верувам дека тоа е вистинскиот избор. И ако можеме да најдеме повеќе, ќе продолжиме да го правиме тоа. Но, системите за противвоздушна одбрана се клучни за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да бидат испратени во Украина“, нагласи Мицотакис.
Грчките медиуми на 22 април објавија дека Атина планира да испрати барем еден Патриот во Украина, по сугестиите на Европската унија до земјите-членки да ја зголемат помошта за воздушна одбрана за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…