Османи: Говорот на Вучиќ во Советот за безбедност на ОН беше „посттрауматичен“
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја нарече „посттрауматична“ реакцијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за присуството на четири жени – преживеани жртви на сексуално насилство од страна на српските сили во војната во 1998-1999 година на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
По церемонијата на приемот на опрема на Клиниката за нуклеарна медицина при Клиничкиот и универзитетскиот центар во Приштина, Османи рече дека нејзиниот говор на седницата на СБ на ОН е само вистина и дека тој факт не може да го негира никој, па ниту државата Србија.
„Тој (Вучиќ) даде цела низа посттрауматски изјави. Тоа што го направивме, едноставно вистината ја кажавме, само вистината пред очите на светот и никој не може да го нападне или негира, па ни Србија. Сите работи што ги кажав на седницата се потврдени со меѓународните извештаи и одлуките на меѓународните судови“, рече Османи.
Косовската претседателка заедно со преживеаните жртви на сексуално насилство во војната Фахрије Хоти, Васфије Красниќ, Елхаме Муќоли и Шихрете Тахири учествуваше на состанокот на Советот за безбедност на ОН, што се одржа во понеделникот, на 22 април.
Вучиќ рече дека на состанокот на ОН биле донесени луѓе кои не се дел од средбата и дека Османи, според него, ги довела со цел да ја обвинат Србија. Косовската претседателка, нарекувајќи го одговорот на Вучиќ пропаганда, рече дека злоставуваните жени во Косово се адвокати и имаат капацитет да бидат членови на нејзиниот кабинет. Османи истовремено го повика Вучиќ да побара јавно извинување пред жените кои присуствуваа на седницата, како и за сите жртви на воените злосторства починети од српските сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…
Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара…
На големи неправилности уште вечерта кога гореше…
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…