Денеска се празнува Лазарева сабота
Светиот Лазар, брат на Марта и Марија, беше родум од Витанија, близу Јерусалим. Во време на својот живот на земјата Господ Исус Христос често го посетуваше домот на Лазара, кого многу го сакаше и го нарекуваше Свој пријател (Јн. 11: 3, 5, 11). Кога Лазар умре и веќе четири дена се наоѓаше во гроб, Господ го воскресна од мртвите и тоа чудо се празнува на денот наречен „Лазарева сабота“. Многумина Евреи откако чуја за тоа, дојдоа во Витанија и се уверија во воскресението Лазарево, та станаа следбеници Христови. Затоа првосвештениците сакаа покрај Исуса Христа да го убијат и Лазара. По своето воскресение, светиот Лазар живееше уште 30 години. Беше епископ на островот Кипар, каде што го ширеше Христијанството. Таму, на Кипар, мирно се упокои и е погребан во градот кој поради гробот на светиот Лазар денес се нарекува Ларнака, што значи „кивот“. Во 898 година византискиот император Лав Мудри (886-911) ги пренесе неговите мошти во Константинопол и ги постави во храмот кој го носи неговото име.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…
Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…
Бигорскиот манастир повиква на разум и зачувување…
Откако поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан го…
Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…