Објавено на:

Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно е вратен во Њујорк – тобоганот за излез се одвоил од авионот во лет!

t

Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“ тобоганот за излезот за итни случаи, поради што авионот на американската авиокомпанија итно се врати на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.
Летот 520 за Лос Анџелес утрово полета од Њујорк, јави Си-Би-Ес.


Боингот 767 безбедно се вратил околу 8:35 часот по локално време, откако екипажот забележал показно светло кое укажува на излезот за итни случаи на десното крило и слушнал звук од близина на десното крило, соопшти „Делта ерлајнс“.
Авионот сега е надвор од употреба и се проценува дефектот.
Во Боингот 767 имало 176 патници и седум членови на екипажот.
Патниците го продолжиле патувањето со друг авион.
Ова е последниот во серијата неодамнешни инциденти на Боинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пукотница во Њујорк осуммина ранети, меѓу…

Најмалку осум лица, меѓу кои и четири…

Се запали Бруклинскиот мост во Њујорк додека…

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк…

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски…

Нова тензична ситуација и сериозен инцидент меѓу…