Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

t

МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.

При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.

„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Едно лице почина, а друго се…

Едно лице почина, а друго се бори…

ТРАГЕДИЈА ВО ШТИП: Пронајдена мртва девојка!

Тело на почината 26-годишна девојка од Кавадарци…

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и…

МВР информира дека вчера по преземени оперативни…

Османи во Штип: Ни се нуди да…

Овие избори не се избори помеѓу различни…