Две лица се повредени: Се судрија полициска „шкода“, „туран“ и „порше кајен“

t

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“, пред крстосницата со ул.„Џон Кенеди“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко возило „порше кајен“, управувано од Е.С.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген туран“, паркирано од А.С.(34) од с.Кондово, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.

– Во незгодата со телесни повреди се здобиле Е.С. и А.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, известени се ОВККИПС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…