Позајмил пари среде улица, а како гаранција наместо дијаманти добил … Внимавајте и вие да не наседнете, ќе подзинете од начинот на измама!

t

На 26.04.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар.

Според пријавеното, едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив.

Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти.

Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Техеран пристигнуваат извештаи за повик за…

На собир во Техеран, според првични информации,…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

ДРАМА ОД РАНО УТРО ВО ДВЕ ЗЕМЈИ…

Полската војска проверува сомнежи дека неидентификуван објект…

(Видео) РОДНИОТ ГРАД НА ПУТИН ВО ПЛАМЕН!…

Голем број експлозии и пожари биле пријавени…

Рама не попушта пред масовните протести: „И…

Албанската полиција се судри со стотици демонстранти…