Објавено на:

И Бајден и Трамп прифаќаат јавна дебата пред претседателските избори

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот опозициски противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, денеска изјавија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

Бајден, 81-годишниот претседател, демократ кој се кандидираше за втор мандат, денеска во радио интервју, на прашањето на водителот дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците партија, рече:

„Ќе, некаде. Не знам кога. Со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, денеска изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

Предлагам понеделник вечер, вторник вечер или среда навечер, за време на предизборниот митинг во Мичиген“, напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Трамп, на кого му се суди во Њујорк, „предложи“ дебатата да се одржи „вечерва, во судницата – ќе бидам таму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пајакот“ во Центар крена над 100 возила…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата…

Научниците мислат дека конечно ја решиле вековната…

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал…

На денешен ден, 20 мај, во 1876…

Денеска е светски ден на пчелите, инсекти…

Иако вестите за заканата за светската популација…

Велешанец погоден од куршум додека собирал печурки

Маж од Велес собирал печурки и почувствувал…