Објавено на:

Портпаролот на Кремљ за прекин на огнот: Ставот на Путин е добро познат

t

Во овој момент нема услови за разговори меѓу Москва и Киев, затоа специјалната воена операција продолжува, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува рускиот прорежимски медиум ТАСС.

„Засега, во овој момент, нема простор за разговори бидејќи сите многу добро ја знаат позицијата на Украина за отфрлање на секаков вид преговори. Специјалната воена операција продолжува“, рече претставникот на Кремљ.

Сепак, Песков рече дека ставот на рускиот претседател Владимир Путин е добро познат.

„Последниот пат кога ги спомна преговорите беше на разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко“, посочи тој.

На 11 април Путин и Лукашенко разговараа во Кремљ, а Путин тогаш истакна дека Русија никогаш не отфрлила мирно решавање на конфликтот. Тој, исто така, повтори дека „позицијата на Русија е конзистентна“, одговарајќи на прашање дали нацрт-договорот од Истанбул може да послужи како основа за разговори со Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пајакот“ во Центар крена над 100 возила…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата…

Научниците мислат дека конечно ја решиле вековната…

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал…

На денешен ден, 20 мај, во 1876…

Денеска е светски ден на пчелите, инсекти…

Иако вестите за заканата за светската популација…

Велешанец погоден од куршум додека собирал печурки

Маж од Велес собирал печурки и почувствувал…