Дачиќ: Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Босна на 30 април
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека вонредната седница на Советот за безбедност за Босна и Херцеговина, на барање на Русија, најверојатно ќе се одржи на 30 април.
Дачиќ рече дека Русија побарала да се закаже итна седница на Советот за безбедност за Босна и Херцеговина.
„И најверојатно како што стојат работите од вечерва, бидејќи Словенија го оспори, Малта бара затворена седница, дали ќе биде, нема да биде, бидејќи има и редовна седница. Редовна седница на Советот за Босна и Херцеговина се очекува во мај“, изјави Дачиќ за ТВ Прва.
Дачиќ рече дека, според информациите од вечерва, седницата ќе се одржи на 30 април и оти српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ ќе аплицира, најверојатно онлајн, доколку не добие виза.
Тој додаде дека веројатно некој ќе зборува од муслиманска страна од Босна и Херцеговина, но се уште не се знае кој.
Потоа ќе има редовна седница за БиХ, веројатно во средината на мај“, рече Дачиќ.
Тој посочи дека резолуцијата за Сребреница сега е во процедура на разгледување и оти успех на Србија е што сепак успеала да размисли на оваа тема.
„Мислам дека мнозинството земји би сакале таа воопшто да не биде на дневен ред сега. Дури и оние кои ја спонзорираа оваа резолуција се во непријатна позиција да зборуваат, што е доказ дека тоа е апсолутно непромислен политички гест кој јасно има и други скриени намери Овие намери очигледно се поврзани со притисокот врз Србија, како независна земја која води независна надворешна политика, која се заснова на нашите национални и државни интереси“, рече министерот.
Дачиќ повтори дека ова прашање околу резолуцијата за Сребреница може да предизвика голема нестабилност во регионот и е целосно контрапродуктивно.
„Тие сигурно нема да се откажат од таа резолуција, освен ако не бидат принудени од оние кои ѝ ја предложиле таа резолуција. Мислам, Германија сигурно нема да се откаже, но можеби овие други земји. Нема да биде 2 мај. а кога ќе биде, ќе видиме „Ја продолжуваме таа борба“, нагласи Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…