Објавено на:

Си Џинпинг ќе ја посети Србија на 7 и 8 мај

t

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Србија на 7 и 8 мај, а домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Кина, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Србија“, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Програмата и распоредот на посетата ќе бидат објавени подоцна.

Си Џинпинг во Србија ќе пристигне од Франција, каде ќе биде во државна посета.

„Посетата е по повод 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и по посетата на претседателот Макрон на Пекинг и Гуангжу во април 2023 година“, се вели во соопштението на француското претседателство.

„Разговорите ќе се фокусираат на меѓународните кризи, пред сè на војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, но и на трговските прашања, научната, културната и спортската соработка, како и на нашите заеднички активности за справување со глобалните предизвици – климатската вонредна состојба, заштитата на биолошката разновидност и финансиската состојба на најранливите земји“, додава претседателството.

Ова е почеток на првата европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…