Повозрасна кумановка измамена за огревно дрво, од МВР апелираат да се внимава

t

Седумдесет и двегодишна кумановка во полиција пријавила дека била измамена за 6.000 денари при набавка на дрва за огрев, информираше денеска СВР Куманово.

-Вчера во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лица за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле и таа му ги дала парите, тоа ѝ кажало дека дрвата ќе ги донесе од складот во кој наводно се наоѓаат, но не се вратило, по што сфатила дека е измамена, соопшти вчера ВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Ова не е прв случај на измама при набавка на огревни дрва.

Во јануари годинава, беа пријавени два случаи на измами со огревни дрва, првиот повозрасен кумановец за сума од 3.000 денари и вториот случај, кумановка за 5.000 денари.

Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум измами за дрва, а во 2022 година 15 вакви пријави. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.

-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192, велат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Атлетик: Инфантино разви Светско младинско првенство со…

 Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше вклучен…

СДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите, ќе…

Владејачката партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски…

Од палење гуми во двор изби опасен…

Шумски пожар избувна во близина на делчевското…

Гостиварец осомничен за обид за силување на…

Четириесет и петгодишен гостиварец е осомничен дека…

Утринско пукање во Арачиново: Две лица застрелани…

Две лица се повредени во пукање во…