Јокиќ го испрати Леброн на одмор
Денвер нагетс славеше против Лос Анџелес лејкерс со 108-106 во петтиот меч од првата рунда во плејофот на Западната конференција.
Лејкерс се надеваше дека може да избегне четврти пораз од ривалот и да остане во игра за полуфинале, но Џамал Мареј на четири секунди пред крајот му пресуди на „кралот“ Џејмс и неговите соиграчи.
Мареј постигна 32 поени, додека Мајкл Портер Јуниор запиша 26 поени, а Јокиќ додаде 25 поени во кошот на Лејкерс. Леброн по поразот веднаш избега од мечот и покажа непочит кон ривалот, зашто не сакаше да се поздрави со ривалите.
Бостон селтикс славеше на гостувањето кај Мајами хит со 102-88 и поведе со 3-1 во плејоф серијата, а Дерик Вајт беше најефикасен со 38 поени, додека Оклахома го елиминира Њу Орлеанс со триумф од 97-89.
JAMAL MURRAY CALLED GAME… AGAIN 🥶 pic.twitter.com/VM9Lzm8qz9
— Denver Nuggets (@nuggets) April 30, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…