(Видео) Мециновиќ: Аграрни кооперативи, бескаматни кредити, загарантиран откуп за земјоделците и платено породилно отсуство за жените земјоделки
Носителот на пратеничката листа на Левица во ИЕ 2, Амар Мециновиќ, од терен наброја неколку проекти од програмата на Левица во врска со земјоделците и земјоделието.
- Формирање на аграрни кооперативи со стручна, техничка и технолошка поддршка.
- Здраствено и пензиско осигурување за секој регистриран земјоделец.
- Доделување на земјоделско земјиште и бескаматни кредити, грантови, на лица кои сакаат да се занимаваат со земјоделство и останат да живеат на село.
- Укинување на субвенциите за големите агро комбинати и нивно пренасочување кај индивидуалните земјоделци.
- Заштита на плодното земјиште од негова пренамена во градежно.
- Забрана за градење на фотоволтаични централи на земјоделско земјиште од висока класа.
- Рестартирање на старите земјоделско-индустриски комбинати.
- Отворање на државни откупни центри со загарантирана откупна цена.
- Платено породилно отсуство за жените земјоделки.
- Планско земјоделско производство (петтолетка)
- Полнење на стоковите резерви со домашни производи.
- Поттикнување на оранжериското производство на раноградинарски производи кои се дефицитарни. – напиша Мециновиќ на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…