Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од министерот Тошковски покажа дека нема неправилности во расчитувањето на случајот за Вања
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се обидуваше да се затскрие нешто како што паметиме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и исите функционери кои тогаш раководеа со одредени министерства, сега ги гледаме во првите редови за поддршка, веројантно им даваат инструкции“ рече министерката за одбрана и носителка на листата во ИЕ6 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Славјанка Петровска во „Аргумент плус“ на ТВ24.
Таа ја потсети јавноста дека по влегувањето во техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ најави ревизија на случајот за убиството на малата Вања и за пријавуавањето на исчезнувањата.
„Внатрешната контрола, која е една од секторите каде министерот Тошковски го промени раководниот кадар, најде дека нема никаква забелешка за овој случај за МВР“ рече Петровска.
Таа рече дека се надева дека по екстрадицијата на Палевски, која Република Турција ја одобри, семејството и јавноста ќе добијат целосна разрешница на овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…
60 пијани возачи се казнети за само…
Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…
(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…
МВР воведува брзи тестови за дрога, еден…
Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази…