Груби до Силјановска: Време е да запрат овие интриги, немате шанса да си играте со Албанците

t

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова во кој се осврна на војната во 2001. Откако лидерот на ДУИ остро одговори, се огласи и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој порача дека се работело за неодговорни политичари и повика сите да гласале за Европскиот фронт за да престанеле, како што рече, пакосните игри кои правеле поделби.

„Ова го носат неодговорните политичари. Затоа, гласот на целиот албански народ, вклучително и оние кои гласаа за опозицијата, и заедниците, мора да се построи зад Али Ахмети и Европскиот фронт за ВМРО да нема никаква шанса да си игра со судбината на Албанците. ОВК, другите заедници, медиумите, граѓанското општество, администрацијата и земјата. Вашиот глас за Европскиот фронт го блокира ВМРО и го запира нејзиниот моментум. Ајде да ги спречиме овие пакосни работи кои предизвикуваат поделби, сите гласот да го дадат на Али Ахмети – Европскиот фронт со 30 пратеници, па потоа да видиме како ќе се однесуваат“, напиша Груби на социјалните мрежи. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…

(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…