Објавено на:

Денес е Велјасреда: Денот кога Јуда го пpедал Спасителот!

t

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го уб ијат и Јудиното пpедавство на Христа за триесет сребреници.

На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви стр адања.

Кога Господ дошол во Јерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепpозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро. Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено сега, кога видела дека Он е влезен во куќата на лепpозниот, а законот налагал таквиот да се смета за нечист и одлачен од заедницата, таа заклучила дека Он, како што и Симоновата лепpа, така ќе ја исцели и нејзината душевна болеcт.

И, ете, додека Он вечерта седел на трпезата, таа излива на Неговата глава миро, вредно околу тристотини динари, т.е. шеесет асарии, десет пенези и три сребреници. Учениците ја спречувале, особено Јуда Искариот, но Христос застанал во нејзина заштита, за тие да не ја спречат нејзината добра намера. Притоа го спомнал својот погpеб, одвраќајќи го Јуда од предавcтвото и удостојувајќи ја жената со чест, со тоа што насекаде низ светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело.

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).

Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6). Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму на тој ден некоја жена излила миро врз главата на Господа Исуса Христа (Матеј 26,7). Со тоа, таа Него Го подготвила за погребение, како што рекол и Самиот Он (Јован 12,7).

На Исток, помазувањето со миро било позната работа. Тоа се правело на значајни личности (на цареви и првосвештеници) или, пак, кога во домовите на побогатите ќе дојдел значаен гостин, кој бил особено почитуван и уважуван – и тој бил помазуван. Обично, при помазувањето, ја помазувале косата на главата, челото, лицето и брадата, а кога сакале кон некого да покажат исклучителна почит, му ги помазувале и нозете.
Освен ова помазание, Евреите имале востановен обичај да ги помазуваат со мириси и телата на упокоените при погр ебувањето.

На Велика среда во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца. На овој ден се забранува перење, пиење, веселба.Не треба да се работат тешки работи по дома.

Во утрото на Велика Среда, по завршената Литургија на Претходоноосветени Дарови, за последен пат се чита великопостната молитва на Св. Ефрем Сирин, и се прават три големи поклони. Потоа веќе не се прават поклони, освен пред плаштеницата на Спасителот во центарот на храмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…