(Видео) Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

t

Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа. Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци, изјави Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица.

– Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес. На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери. На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат – вели Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши за промената на Уставот: Прашањето треба…

На прашањето дали има договор за промена…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со мала…

Времето денеска ќе биде Сончево и топло…

Кои се клучните прашања за гласачите на…

Стотици милиони луѓе во 27-те земји на…

Маж со нож и пиштол ограбил продавница…

37-годишен разбојник од Скопје со закана со…

Голем руски ракетен напад врз Украина, жртви…

Русија синоќа го изврши еден од најголемите…