Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел: Ако го нападнете Крим, ќе следи одмазда
Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим се осудени на неуспех и дека во случај на напад ќе следи одмазда.
Таа рече и дека Киев отворено се подготвува повторно да го нападне мостот на Крим со помош на Западот.
„Денес, по 80 години од ослободувањето на Крим, Кримскиот мост повторно е на мета“, рече таа.
Захарова нагласи дека подготовката за нападот на мостот се изведува целосно отворено и со поддршка на колективниот Запад.
Малку порано и Кремљ ја коментираше можноста за напад на мостот на Крим, кој објави дека Киев воопшто не ги крие своите намери и дека продолжува со „терористички активности“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…