(Видео) Голем пожар во Берлин: Затворени врати и прозорци, опасни материи во воздухот по пожарот во фабрика за метал
Берлинската противпожарна бригада ја предупреди јавноста за опасни испарувања по пожар што избувна во компанија за метална технологија лоцирана во југозападниот дел на градот.
Техничката просторија на првиот кат од зградата на фабриката е „целосно зафатена од пламен“, изјави портпаролот на противпожарната бригада.
Како што јави ДПА, во компанијата за метална технологија биле складирани хемикалии. Противпожарната единица како мерка на претпазливост издаде предупредување за опасност.
Од жителите е побарано да ги држат прозорците и вратите затворени бидејќи обемот на чад се зголемува. Резултатите од тестовите за загадување на воздухот сè уште не се објавени.
Според портпаролот, нема повредени. Сите луѓе успеале да се евакуираат од областа.
Противпожарната бригада е на терен со речиси 130 пожарникари и користела пена за гасење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…
Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…
Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на…
Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Касиерката држена како заложник 11 часа во…
Германската полиција упадна во супермаркет во Берлин…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…