Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на пописот во Косово – остануваат уште 14 дена
Остануваат уште две недели до крајот на пописот на Косово, а премиерот Албин Курти објави дека има повеќе од еден милион регистрирани граѓани, пренесува Репортерс.
„До денес две третини од процесот на регистрација се завршени, а има уште 14 дена. Учеството на граѓаните е големо, а експертската мисија на УНЕЦЕ и УНФПА соопшти дека косовската агенција за статистика прави примерен работа во управувањето со процесот“, напиша тој на Фејсбук.
Тој им се заблагодари на попишувачите за посветеноста што ја покажаа во процесот.
„Ги повикувам граѓаните да продолжат да одговараат на нашиот повик за попис“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…