Бог го има украинското знаме на рамениците, кажа Зеленски
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог – кој го има „украинското знаме на рамениците“ – ќе направи животот да ја победи смртта.
– Да се молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг – рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.
Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По секоја пријава за семејно насилство, МВР…
Побрза реакција на институциите, навремена заштита на…
Арсовска се пожали дека Ганиу ѝ поднел…
Поранешниот градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу…
Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче…
Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие…
Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…
НАТО активираше борбени авиони како одговор на…
Познатиот доктор го даде рецептот за долг…
Умерениот внес на витамини може да помогне…