Курти им го честиташе Велигден на православните христијани
Косовскиот премиер Албин Курти им го честита Велигден на православните верници, со порака дека овој празник го слави културниот и верскиот соживот на општеството, во кое, како што вели, граѓаните од сите вери, без разлика на различностите, можат да живеат заедно во мир и просперитет.
Нека ви е благословен Велигден! На православните верници и на нашите сограѓани им го честитам Велигден и нека празникот ви даде нови почетоци, да ја оживее надежта и да ја зајакне верата“, напиша Курти на Фејсбук.
Посака велигденскиот дух на сите да им даде здравје, среќа и благосостојба.
„Да уживате и да го споделите со вашите семејства, пријатели и соседи. Во денови како овие, го славиме културниот и верскиот соживот на нашето општество, каде што граѓаните од сите вери, без разлика на различностите, можат да живеат заедно во мир и благосостојба. “, напиша Курти на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…