За изборите на 8 мај повеќе избирачи запишани за парламентарните отколку за претседателските

t

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.

На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи. Запишани се и 534 избирачи згрижени во установите за вон семејно згрижување, а во Избирачкиот список запишани се и две внатрешно раселени лица.

На парламентарните избори право на глас имаат 1.815.350 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање запишани се 1.716.664 избирачи, додека во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 96 010 избирачи. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

На еден ден пред изборите, на 7 мај гласаат болните и изнемоштените чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии, како и затворениците и лицата во притвор чиј што број според посебниот извод во Избирачкиот список изнесува 2140, како и лицата во установи за вон семејна грижа – 534 избирачи и две внатрешно раселени лица.

Гласањето на седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата. На првиот круг од изборите на 24 април на 120 избирачки места имаше помалку од десет гласачи кои беа упатени правото на глас да го остварат во најблиското избирачко место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…