Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио со гладот
Според шефицата на Светската програма за храна (ВФП), Синди Мекејн, во Газа се оствари сценариото од кое најмногу стравуваме – има целосен глад на северот и тој се шири кон југот, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
– Досега неисполнетите барања на меѓународната заедница мора да се исполнат: Резолуцијата 2728 мора да се спроведе целосно и веднаш. Итно е потребен прекин на огнот, за да се ослободат заложниците и да им се олесни состојбата на оние кои гладуваат, наведе Борел на Икс.
Тој нагласи дека недвосмислено го осудува лансирањето ракети од страна на Хамас и Исламски џихад кон израелската област Керем Шалом.
– Израел се уште има целосна обврска да одобри целосен, безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош на оние на кои им е потребна. Заедно со комесарот (за управување со кризи) Јанез Ленарчич ја поздравуваме незаменливата работа спроведена од страна на УНРВА и сите агенции на ОН, додаде Борел во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…
Слаб земјотрес во Охридско
Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0…
Жена обвинета за обид за труење колешка,…
Жена од Западна Австралија е обвинета за…
Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во…
Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска…