Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело ” поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава” со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така денеска, во 17.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка.
При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело “поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер” со една рамка, еден пиштол „Црвена застава”, еден пиштол „Бул” со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…
Полицаец на „Ќафасан“ примил поткуп за да…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Приведен водич во автобус во кривопаланечкиот регион…
Приведен е водич во автобус во кривопаланечкиот…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…