Се одбележува Денот на полицијата
Денеска со низа свечености се одбележува 7-ми мај Денот на полицијата. Поради одржување на настанот во периодот од 8 до 18 часот во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим.
За сообраќај ќе биде затворен булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосница со булевар „Србија“ до крстосница со булевар „Февруарски поход“.
На настанот свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици, како и забавна програма со популарни изведувачи после официјалниот дел.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ги издаваат полициските службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…