Навреме се отворени избирачките места – 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари ги следат изборите

t

Во 7 часот почна гласањето на вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори.

Од ДИК за МИА информираат дека досега нема пријавено никакви проблеми со отворањето на избирачките места.

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.

Ден пред изборите, вчера први гласаа болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

ДИК информираше дека вкупната излезеност од гласањето во странство за претседателските избори до 19 часот изнесува 652 гласачи, односно 25.38 отсто. Напоменуваат дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде се уште трае гласањето. Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.

На вкупно 14-те гласачки места во казнено-поправни установи вчера своето гласачко право можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2.140 гласачи за избор на пратеници во Собранието.

– Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1298 гласачи или 60.46 отсто од запишаните за претседателските избори, односно 1397 гласачи или 68.72 отсто за парламентарните избори, се вели во соопштението од ДИК.

Во текот на вчерашниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеле да го остварат и двајца гласачи кои се водат како внатрешно раселени. Овие лица го оствариле своето право и за двата вида на избори.

-Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено. Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори. Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач или 75.09 отсто за претседател на државата, односно 400 гласачи од 20 центри или 74.91 отсто гласале за избор на пратеници, информира ДИК.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8926 односно 80.45 отсто болни или немоќни лица за претседател на државата, односно 10036 или 92.04 отсто за пратеници во законодавниот дом.

Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на двата вида на избори на 1303 домашни, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…