Вучиќ: Да живее челичното пријателство на Србија и Кина
Српскиот и кинескиот претседател Александар Вучиќ и Си Џинпинг пред почеток на официјалните разговори ги поздравија и им се обратија на повеќето илјади граѓани кои присуствуваа на церемонијата на пречекот, при што Вучиќ порача „да живее челичното пријателство на Србија и НР Кина“, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој во обраќањето кажа дека денес се пишува историја и дека за неколку години сите ќе се сеќаваат на овој ден и ќе знаат дека на овој ден е напишана иднината.
Како што имаме јасни ставови за кинескиот интегритет, дека Тајван е Кина, така и тие ја поддржуваат територијата на Србија без никаква резерва. Беа со нас во најтешките моменти, беа со нас и пред 25 години кога оваа земја беше рушена и бомбардирана, заедно со нас платија висока цена, и изгубија луѓе на денешен ден“, рече Вучиќ.
Тој се заблагодари на претседателот Си затоа што, како што рече, се што е изградено во Белград е „благодарение на посилната економија, поддршката за Железарата, рудникот во Бор, приватните инвестиции“.
„Можеме и мораме да направиме уште многу заедно, само небото е граница“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…