На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, со крајна дестинација во Македонијa
На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија.
-Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината на дрога, возилото и два мобилни телефона, стои во полициското соопштение.
Се додава дека продолжува истрагата и во соработка со македонските колеги, за целосно расветлување на случајот и фаќање на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани.
Грабоцка, според полицијата, во 2020 година бил уапсен поради помагање на илегално преминување на границата, откако бил фатен како превезува мигранти во правец на Тирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…