Објавено на:

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

t

Денеска, 9 мај, во цела Европска Унија се одбележува Денот на Европа, со што се означува почетокот на ЕУ каква што ја знаеме.

Иако многумина ќе го поврзат датумот 9 мај со денот на победата над фашизмот, ова е сосема поинаков празник кој нема никаква врска со Втората светска војна.

Датумот 9 мај за Европа, поточно за Европската Унија е значаен поради говорот на Роберт Шуман на овој датум во 1950 година. Тогашниот француски министер за надворешни работи најави формирање на Европската заедница за челик и јаглен, претходник на денешната Европска Унија.

Таканаречената Шуманова декларација се смета за почеток на ЕУ, најуспешната наднационална организација во светот. Тогаш во заедницата за челик и јаглен учествуваа само Западна Германија и Франција, а 74 години подоцна ЕУ има 27 членки, со уште неколку земји, меѓу кои и Македонија, кои сакаат да станат членки.

По Европската заедница за челик и јаглен, Европската економска заедница беше создадена во 1958 година. Таа беше преименувана во Европска заедница во 1967 година, а денешната Европска Унија беше создадена со Договорот од Мастрихт, кој беше потпишан во 1992 година и стапи на сила во 1993 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…

Пирати киднапираа брод со оружје: Двајца Срби…

Пирати киднапираа товарен брод под камерунско знаме…

Водачот на Кавачкиот клан е во бегство,…

Полицијата на Црна Гора понуди парична награда…

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не…

Русија ги повикува своите граѓани во странство…