(Видео) Со пиштол се заканувал и тепал жена во угостителски објект – Детали за вчерашното апсење во Кочани
На 09.05.2024 во 14.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.
Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инфомакс вчера објави ексклузивна снимка од апсењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…
„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…
Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…