Зеленски се жали: Русија започна нова офанзива во регионот Харков
„Русија започна нов бран на офанзивни акции во насока на Харков. Нашите бранители ги пречекаа со копнени сили, бригади и артилерија“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев, додавајќи дека Русите би можеле да испратат повеќе сили за поддршка на пробивот на североисток.
Руските сили денеска почнаа копнена офанзива со оклопни возила во близина на Харков, вториот по големина град во Украина на североисток, и постигнаа ограничен напредок. Ова отвори нов фронт во долготрајната војна што се води на исток и југ.
Украина испрати засилување додека беснееја борби во пограничните области во областа, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека Русија го нападнала пограничниот град Вовчанск со наведувани бомби и артилерија.
„Околу 5 часот, непријателот се обиде да ја пробие нашата одбранбена линија под заштита на оклопни возила. Тие напади сега се одбиени, борбите со различен интензитет продолжуваат“, соопшти Министерството.
Украински воен извор, кој одби да биде именуван, рече дека руските сили напреднале еден километар во внатрешноста на украинската граница во близина на Вовчанск. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа во Босна: Две девојки загинаа,…
Две девојки од Сараево на возраст од…
Се бара притвор за Мексиканецот што нападна…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА
Партијата што го посеа коцкањето во секое…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Денеска можно ново поскапување на дизелот, РКЕ…
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да…