Објавено на:

Киев: Руските сили се обидуваат да извршат офанзива во регионот на Харков

t

– Од гранатирањето, пожар го зафати скалдиштето за нафта, а оштетени се и куќи во околината, соопштија локалните власти.

На терен се испратени пожарникари кои се обидуваат да спречат пожарот да се прошири на станбените згради.

Уште ссум лица се повредени во украински напад на Белгород. Руските сили за воздушна одбрана собориле неколку цели на приодот кон Белгород, а според првичните информации, осум цивили се повредени, изјави началникот на областа Вјачеслав Гладков.

Во меѓувреме продолжуваат интензивните борби по линијата на фронот, особено во Харковскиот регион. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили се обидуваат да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина, кај Харков.

– Во тек се борби и за населени места во граничната зона, кои всушност беа во сивата зона – Стрелечја, Пиљноје и Борисовка, како и во областите Олејниково и Огирчево, се вели во соопштението.

Се додава дека украинските одбранбени сили дејствуваат на подготвени одбранбени линии.

Поради руските напади, евакуирани се жителите на украинскиот пограничен град Вовчанск во блиина на Харков.

Главниот офицер на украинските трупи во Вовчанск, Олексеј Харковски, соопшти дека руските сили за 24 часа истрелале неколку стотици артилериски гранати и десетици касетни бомби. Харковски истакна дека руските војници се уште не влегле во Вовчанск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАПАД СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ…

На 19.11.2026 во 15:20 часот, полициски службеници…

Администрацијата на Трамп ќе објави снимки од…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска…

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството…

Владата веќе работи на подобрување на постојните…

По секоја пријава за семејно насилство, МВР…

Побрза реакција на институциите, навремена заштита на…

Арсовска се пожали дека Ганиу ѝ поднел…

Поранешниот градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу…