Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

t

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се огласи во јавноста по три дена изминати од парламентарните и претседателските избори и дебаклот што го доживеа неговиот СДСМ.

Тој пред членството и јавноста порача дека ќе продолжи да дејствува како пратеник во Собранието и , како што напиша, да се бори повторно да не се врати „режимот“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која доби 58 пратенички мандати.

„Благодарам од срце до сите граѓани за поддршката, за време на изборите, но и во изминативе 7 години.

Направивме многу како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, за што искрено се заблагодарувам до секој еден член и симпатизер, за вложеноста и искрениот пристап. Како и секогаш јас се обврзувам на отвореност и достапност за секој еден другар, сопартиец, сограѓанин, заедно сме во оваа борба!

Ја почитуваме волјата на народот како израз на демократските процеси. Нашата ангажираност за унапредување на општеството и обезбедување на посакуваните промени останува непоколеблива, продолжуваме да работиме кон тие цели.
Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим. Членството во НАТО и позиционирањето на патот кон ЕУ се највисоките дострели на нашата држава кои овозможуваат подобар живот за сите.

СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!“, напиша Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска и Франција на врвот по силувања…

Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе…

Канадскиот премиер потврди сериозен инцидент во воена…

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се…

(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…

Загинати и повредени во голем пожар во…

(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…

Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…

Брвеница избира градоначалник

Жителите од десет населени места Општина Брвеница…