Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите
Артан Груби од Европскиот фронт во интервју за емисијата Дебата плус синоќа на Клан Македонија говореше за предизвиците и перцепциите за Коридорот 8, кој од страна на некои кругови се сметаше за исклучиво албански проект. За да се избегнела ваквата перцепција, Груби нагласи дека на проектот е додаден и Коридорот 10д, која опфаќа изградба на автопатот од Прилеп до Битола.
„За да не бидеме сфатени како албански проект, како дел од проектот го вклучивме и коридорот 10, за автопатот од Прилеп до Битола. Значи тоа е проект кој има два автопати, да биде избалансиран и да се смета како заеднички проект“, рече Груби.
Тој посочи и дека се уште не е завршена изградбата на автопатот Кичево-Охрид, која започна во 2014 година и се гради од кинеска компанија и кинески кредити. Груби изрази желба да учествуваат американски и европски компании во вакви проекти, тврдејќи дека проектот изграден од американска компанија како што е „Бехтел Енка“ ќе биде завршен побрзо од оној на кинеската компанија што започна пред 11 години.
„Автопатот Кичово-Охрид се гради од 2014 година, сега е 2024 година, почна со буџет од 400 милиони евра, сега надмина 600 милиони евра и го нема, бидејќи се гради со кинески фирми и кредити. . Сакавме да докажеме дека сакаме американски и европски, западен бизнис.
А ние сакавме да докажеме дека проект изграден од американска компанија како Бехтел Енка на ист коридор ќе биде завршен побрзо од кинескиот кој започна пред 11 години“, рече Груб
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведска и Франција на врвот по силувања…
Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе…
Канадскиот премиер потврди сериозен инцидент во воена…
Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се…
(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…
Загинати и повредени во голем пожар во…
(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…
Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…
Брвеница избира градоначалник
Жителите од десет населени места Општина Брвеница…