СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа
Од Рафа луѓето заминуваат.
Според Обединетите нации(ОН), околу 30.000 луѓе ја напуштаат Рафа секој ден за да побегнат од заканата од голема израелска офанзива, а сега има околу 110.000 кои побарале засолниште на друго место во тесната енклава. Повеќето од нив веќе биле раселени пет до шестпати од почетокот на борбите меѓу Израел и палестинската терористичка група Хамас од 7 октомври лани. Околу 1,4 милиони луѓе се насобрале во градот на југот на енклавата, бегајќи од жестоките борби и бомбардирањето на северот. ОН додаваат дека израелската армија почнала ограничена копнена операција и го затворила преминот меѓу Рафа и Египет, клучна рута за испорака на хуманитарна помош. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вети посеопфатна операција за уништување на Хамас, исламистичкото движење кое владее со Појасот Газа. Хамас ја почна војната со барање за независна држава Палестина со главен град Ерусалим, но и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…