Милановиќ: БиХ мора да опстане како држава
Босна и Херцеговина мора да опстане како држава, а за нејзината судбина треба да одлучуваат припадниците на сите три народи бидејќи секогаш кога доаѓале решенија однадвор тоа не било добро, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Ја браневте Босна и Херцеговина и вашиот дом. Го одбранивте со сите оние кои беа подготвени и доволно храбри да го бранат, Бошњаците, а претпоставувам и некои Срби, кои денес живеат заедно во овој град и се обидуваат да го преболат и да го заобиколат тоа што се случуваше и да изградат нов и подобар живот, кој мора да оди понатаму“, рече Милановиќ во Хрватскиот совет на општина Равне- Брчко, пренесува Хина.
Милановиќ истакна дека овие решенија не можат да дојдат однадвор бидејќи како што нагласи „кога и да дојдоа од Пешта, Виена, Белград или Брисел, тоа не беше добро“.
Хрватите, Бошњаците и Србите мора да се договорат и да најдат заедничко решение“, рече Милановиќ, оценувајќи го минатиот воен конфликт меѓу Бошњаците и Хрватите во БиХ како една од најголемите катастрофи, но и катастрофа за хрватските национални интереси.
Тој рече дека денеска, без оглед на некои закани и загреани глави, нема закана од воен конфликт во БиХ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…
Милановиќ: Не прифаќајте наметнувања
Хрватскиот претседател, која е во прва официјална…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…