(Видео) Aвион во Aвстралија се лизгал 500 метри на пистата спасувачите трчале да им помогнат на патниците
Авион со часови кружел околу аеродромот во Њукасл во Австралија пред итно да слета „на стомак“, со кренати тркала нагоре и со исклучени мотори, како што пренесува Си-Ен-Ен.
На снимката се гледа како авионот се приближува кон пистата без распоредена опрема за слетување и застанува по лизгањето.
Тој се лизнал околу 500 метри пред конечно да застане. Амбулантни возила биле на готовност, забележани се спасувачи како трчаат да им помогнат на патниците во авионот.
Началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Вејн Хемфри, го пофали 53-годишниот пилот за успешното слетување, велејќи дека никој не е повреден.
– Тоа беше одличен резултат, пилотот го направи тоа навистина добро. Го слушав во етерот, ми звучеше многу смирено – рече тој.
Авионот неколку часа кружел околу аеродромот за да го согори горивото. Оние во контролната соба на земјата, кои управувале со авионот, аплаудирале кога виделе како безбедно слетал, додаде Хемфри.
Приватниот авион требало да изведе лет од 26 минути од Њукасл до Порт Маквари, околу 400 километри северно од Сиднеј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…