Европол хакиран: Хакерот објави дека продава поверливи документи
Европол потврди дека е хакиран и дека го истражува инцидентот откако група хакери се закани дека украла значајни документи од истрага и дека сега ги продава.
Хакирана е платформата на европол за стручни лица (EPE) која што стручните лица ја користат за “споделување информации ,знаења, најдобри пракси и податоци за криминал”.
-Европол е запознаeт со инцидентот и ја проценува ситуацијата.Почетните работи се веќе спроведени.Инцидиентот се однесува на затворена корисничка група Еурополова платформа за стручни лица (EPE) изјавија од Европол за BleepingComputer,портал кој прва ја објави оваа вест.
Од Европол додаваат дека EPE не обработува никакви оперативни информации,дека не влијае на темелниот состав на Еуропол и поради тоа никакви податоци не се загрозени.
Наводниот напаѓач е ИнтелБрокер ,група хакери која што тврди дека украла поверливи податоци од Еуропол.
Интелброкер тврди дека успеал да ја компромитира и платформата Сириус која што ја користат правосудните тела и тела за спроведување на закон од 47 држави ,вклучувајки држави членки на ЕУ ,Велика Британија и земјите кои имаат договор за соработка со европското јавно обвителство (EPPO).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Европски е што Петар Богојески не е…
Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…