Објавено на:

„ГАСПРОМ“ НЕ УСПЕА ЗАГУБАТА ВО ЕВРОПА ДА ЈА ПОПОЛНИ СО КИНА – Најпрофитабилната руска компанија заврши во голем минус

t

Рускиот гасен концерн „Гаспром“ се соочува со лоши резултати од работењето поради европските санкции. Компанијата се обидува да ја пополни празнината создадена од европскиот бојкот со продажба на домашниот пазар и извоз во Кина.

Најпрофитабилната руска компанија неодамна објави годишна нето загуба од 7 милијарди долари, прва од 1999 година. Тоа е резултат на големото влијание што го имаа европските санкции врз руската гасна индустрија, како и ограничувањата на растечкото партнерство на Москва со Кина.

„Гаспром“ се потпираше на Европа како нејзин најголем продажен пазар до 2022 година, кога конфликтот на Русија со Украина ја натера ЕУ да го намали увозот на гас од Русија.

Во 2022 година, Русија испорача вкупно околу 63,8 милијарди кубни метри гас во Европа преку различни рути, покажуваат податоците на „Гаспром“. Минатата година обемот дополнително се намали, за 55,6 %, на 28,3 милијарди кубни метри.

Во 2018 година, компанијата извезе 200,8 милијарди кубни метри во ЕУ и други земји, како Турција.

Дополнителен проблем во руско-европската трговија со гас направија и мистериозните експлозии на подморскиот гасовод Северен тек, која ги поврзуваа Русија и Германија.

во финансиските резултат на „Гаспром“ не се гледаат многу резултатите од трговијата со кина кон која се сврте во текот на 2022 година кој планираше да обезбеди поголема продажба. Планирано беше до 2030 година годишно во Кина да се испорачуваат по 100 милијарди кубни метри.

Имајќи на предвид цената од 286,9 долари за илјада кубни метри и извозот на гас на „Гаспром“ од 22,7 милијарди кубни метри минатата година, вкупната вредност на продадениот гас на Кина може да достигне 6,5 милијарди долари за целата 2023 година, покажуваат податоците на руското Министерство за економија што е далеку од она што компанијата го заработуваше на европскиот пазар. Според руската консултантска компанија BCS, приходите на „ Гаспром“ од продажбата на гас во Европа во периодот од 2015 до 2019 година изнесувале просечни 3,3 милијарди долари месечно, благодарение на месечните испораки од 15,5 милијарди кубни метри.

Финансиските извештаи на „Гаспром“, кои ги вклучуваат и неговите нафтени и енергетски единици, покажаа дека приходите од бизнисот со природен гас се повеќе од преполовени минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неделна колумна на Оливер Андонов

Не во ЕУ Кога Мицкоски велеше НЕ…

Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

Јокиќ жестоко ги искара соиграчите, па одржа…

Кошаркарите на Денвер нагетс ја декласираа екипата…

Интер лесно се справи со Каљари, Лаутаро…

Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога…

Возило на МВР имало сообраќајна незгода, три…

Денеска (29.12) во 05:55 во СВР Скопје…