Кристерсон: Шведска во време на војна ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје
Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон денеска изјави дека ќе дозволи распоредување на нуклеарно оружје на шведска територија во време на војна.
Шведскиот Парламент во јуни ќе гласа за Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) со САД, кој ќе му овозможи на Вашингтон до воените бази во Шведска и ќе дозволи складирање на воена опрема и оружје во оваа скандинавска земја.
– Во воена ситуација тоа е сосема поинаква работа, (тоа) целосно ќе зависи од она што ќе се случи. Во апсолутно најлошото сценарио, демократските земји во нашиот дел од светот на крајот мора да можат да се бранат од земји кои би можеле да ни се закануваат со нуклеарно оружје, изјави Кристерсон за Шведското радио.
Тој додаде дека одлуката за распоредување на нуклеарно оружје ќе биде донесена од Шведска, а не од САД.
– Шведска одлучува за шведска територија, наведе Кристерсон.
Критичарите на нуклеарното оружје, меѓу кои и шведското Здружение за мир и арбитража бараат од Владата во договорот за одбранбена соработка со САД да биде ставено дека Шведска нема да дозволи нуклеарно оружје на нејзина територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…
*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…
Скопјанец со возило сакал да ја прегази…
Уште еден случај на семејно насилство во…
Први ефекти од војната меѓу Израел и…
Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…