Објавено на:

САД: Предупредување до Израел од хаос и анархија во Газа

t

Американската влада го критикува израелското водење на војната, првенствено акциите во јужниот дел од Појасот Газа и градот Рафах. Израел е на најдобар пат да предизвика бунт на многубројни вооружени борци на Хамас, изјави американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен во неделата за американската телевизија. Се заканува вакуум, кој ќе биде пополнет со хаос, анархија и веројатно повторно со Хамас. „Со нив (Израел.н.з.) разговаравме за многу подобар пат кој води кон траен резултат, до долготрајна сигурност, како во Појасот Газа, така и во целиот регион“, истакна Блинкен, според кого партнерите мора да бидат искрени еден кон друг.

На потпрашање, Блинкен одговори дека САД ја делат проценката на Израел според која во војната во Газа се убиени повеќе цивили отколку терористи. Модераторката притоа се повика на изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, дека израелската војска досега убила 14.000 терористи на Хамас.

Со оглед на тоа што Хамас ги користи цивилите како жив штит, убиени се 16.000 цивили, изјавил Нетанјаху. Израелскиот премиер овој број го смета за трагедија, додека за Хамас тоа претставува стратегија.

Блинкен смета дека Израел располага со можности за ублажување на страдањата на цивилите, но тие не се користат „консеквентно и ефективно.“

Американската влада во извештај објавен во петокот соопшти дека смета за можно дека Израел во Појасот Газа го користи оружјето добиено од САД спротивно на хуманитарното меѓународно право. Но, со оглед на ситуацијата во воениот регион, тешко е да се донесат дефинитивни оценки. На прашањето дали САД би избегнале да го повикаат Израел на одговорност за неговите постапки, – Блинкен истакна дека Вашингтон не мери со двојни аршини. „Го третираме Израел, еден од нашите најблиски сојузници и партнери, исто како и секоја друга земја кога е во прашање придржувањето кон хуманитарното меѓународно право“, истакна Блинкен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…