Криеле ДРОГА ВО ОБЛИК НА ЧОКОЛАДО: Во Скадар откриен тунел каде се криеле наркотици
Албанската полиција објави детали околу акцијата во Скадар, каде открила тунел кој бил прилагоден за криење и преработка на наркотици, што е во рамки на мегаоперацијата „Чиста територија“ започната пред неколку месеци на територијата на целата земја.
На снимката се гледа моментот кога полицајците упаднале во тунелот, во населбата „Скендербег“ каде била складинара марихуаната.
„Беа пронајдени и запленети 65,5 килограми преработена марихуана во форма на чоколада. Во возило од типот комбе паркирано во близина, пронајдени и запленети се 31,5 килограми канабис во шишиња, како и поголема количина воена муниција“, стои во објавата на Министерството за внатрешни работи.
Во моментот на интервенцијата осомничените лица не биле пронајдени, но од извршените првични истраги се трага по Н.М.(42) и Б.М. (37), жители на Скадар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…
Ѓоковиќ воодушевен од односот на албанските и…
Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот…