Објавено на:

Пеп пред Тотнем: Ако не победиме тогаш ќе изгубиме – титула!

t

Фудбалерите на Манчестер Сити утре вечер ќе му гостуваат во Тотнем во заостанат меч од Премиер лигата, во кој влегуваат со императив за победа бидејќи само така ќе останат во игра за титулата.

„Граѓаните“ имаат бод помалку од Арсенал, кој има меч повеќе, а тренерот Пеп Гвардиола е убеден дека неговиот тим нема да стане шампион доколку во последното коло влезе со ист број бодови како и Арсенал.

„Ако не го победиме Тотнем, нема да ја освоиме титулата. Дојдовме овде само со една опција – да победиме. Знаеме за што играме и позитивниот притисок и фокусот ќе бидат таму. Ако играте натпревари вака случајно, тогаш може да бидете во голема неволја“, рече Гвардиола.

Тој смета дека Тотенхем е многу тежок ривал.

„Имам огромна почит за се што направи Постекоглу. Тотнем има одличен тим и нема да го потцениме“, дополни Пеп.

Тој потврди дека Џек Грилиш се опоравил од болеста, а Нејтан Аке исто така е блиску до враќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…

23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…

Нови детали за Србинот што се удави…

Горан Комазец од Белград е човекот кој…

ЈПДП ќе земат 40 милион евра кредит…

Владата даде зелено светло за ново задолжување…

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…

Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…

Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…