Зеленски: Наша задача е да го нарушиме обидот на Русија да ја прошири војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека главна задача на Украина сега е да го наруши рускиот обид да ја прошири војната.
– Што се однесува до ситуацијата во регионот Харков, одбранбените дејствија продолжуваат, а тој правец е зајакнат, особено Вовчанск и пограничните региони. Нашата задача е апсолутно јасна да го нарушиме рускиот обид за проширување на војната. Исполнувањето на оваа задача буквално зависи од сите кои во моментов се наоѓаат на позиции-од Чернихив до Вовчанск, од Харков до регионот Доњецк. На украинската почва не треба да постои безбедно место за окупаторот, рече Зеленски во вечерното видео-обраќање.
Тој потсети дека со шведскиот премиер Улф Кристерсон разговарал за деталите од новиот пакет помош и за можностите за проширување на соработката, вклучително и финансирање на производството на оружје.
Зеленски наведе и дека со канадскиот премиер Џастин Трудо разговарал за поддршка за оклопни возила и артилерија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Септемвриската просечна плата е 49.141 денар
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Раководител во „Комунална хигиена“ се заканувал со…
Раководител во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ бил…
СОСЕДИТЕ НАЈДОА БАКАР, НАШИОТ ВО ИЛОВИЦА НЕ…
Бугарија повторно се позиционира како еден од…
Коронавирусот е присутен и оваа сезона, регистрирани…
Во изминатата недела во земјава биле потврдени…
Хрватските студенти и средношколци ја бојкотираат наставата,…
Учениците во средните училишта и студентите во…