ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина седуммесечно бебе, докторите не можеа да го спасат по повредата која настанала под сомнителни околности!
На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка.
Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.
Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.
Се преземаат мерки за расветлување на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новогодишна магија во Крива Паланка, плоштадот блесна…
Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија…
Магаре добило сертификат за медицинска сестра во…
Полицијата во индиската држава Мадја Прадеш започнала…
Шестчасовен прекин на струјата денес во тунелот…
Тунелот Катланово денес ќе остане без електрично…
Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…
Целосното и навремено членство на земјите од…
15-годишно момче ја нападнало сопствената мајка во…
Момче на возраст од само 15 години…